• среда, 12 март 2025
МИА Радио флеш

26 февруари 2025

Охрид - Нивото на водата во Охридското Езеро според денешните мерења спроведени од Управата за хидрометеоролошки работи се наоѓа на котата 693,15 метри надморска височина или 24 сантиметри под просекот. Денешниот водостој на езерото е само шест сантиметри над дозволениот минумум. Неповолните временски услови со малку врнежи дополнително придонесуваат за нискиот водостој.

На почетокот на декември минатата година нивото на водата во езеррото беше спуштено дури два сантиметри под минимално дозволената кота утврдена на 693,10 метри.

Брисел - Бактеријата Xylella fastidiosa, што ја предизвикува Пирсовата болест кај виновата лоза во Северна Америка, првпат е откриена кај грозје, бадеми и други растенијата во јужниот дел на италијанскиот регион Апулија, соопшти Европската агенција за безбедност на храната (ЕФСА). 

Според најновиот извештај од базата на податоци за следење на ширењето на растителниот патоген Xylella fastidiosa, присуство на бактеријата првпат е утврдено и кај кантабрискиот планински даб Quercus orocantabrica во Португалија, но тоа не е прв случај на инфицираност во оваа земја. 

Рим - Папата Франциск, кој и натаму е во критична состојба додека се бори со пневмонија, помина мирна ноќ во болница и се одмора, соопшти Ватикан.

Папата, кој има 88 години, го поминува својот 13-ти ден во болница во Рим, што е најдолг престој во болница за време на неговата 12-годишна служба на чело на Римокатоличката црква.

Техеран - Новите американски санкции против иранскиот нафтен сектор, што беа објавени во понеделникот, се „пример за непријателство“ од страна на САД, соопшти официјален Техеран

Француските медиуми потсетуваат дека за време на својот прв мандат од 2017 фо 2021 година, американскиот претседател Доналд Трамп ја наметна својата политика на „максимален притисок“ врз Иран, повторно воведувајќи санкции врз оваа економски осиромашена земја и изолирајќи ја од меѓународната сцена.

Вашингтон - Американскиот претседател Доналд Трамп на својата социјална мрежа Трут Соушл објави видео генерирано од вештачка интелигенција, без дополнителен коментар.

Видеото ја прикажува сегашната разрушена од војна Газа како се трансформира во модерен крајбрежен град, преполн со хотели, облакодери и луѓе.

Кејптаун - Францускиот министер за финансии Ерик Ломбард изјави дека очекува САД да им дадат поддршка на европските мировни сили во одржувањето на мирот по постигнувањето примирје меѓу Украина и Русија.

Говорејќи за телевизијата Блумберг во Кејп Таун, каде што присуствува на состанокот на министрите за финансии на Г-20, Ломбард рече дека Велика Британија, Германија, Франција и другите европски земји се подготвени да испратат сили за да го гарантираат спроведувањето на примирјето.

Сеул - Бројот на новороденчиња во Јужна Кореја во 2024 година се зголеми за прв пат по девет години, според денеска објавени официјалните податоци.

Бројот на новороденчиња изнесува 238.300, што е зголемување за 300 (3,6 отсто) на годишно ниво, според податоците на јужнокорејската статистичка агенција.

Тајпеј - Министерството за одбрана на Тајван соопшти дека денеска било наредено распоредување на сили околу островот, како одговор на кинеските воени маневри.

Пекинг мобилизираше 32 авиона околу Тајван и најави вежби со боева муниција во област на околу 74 километри од островот.

Вашингтон - Слободите ширум светот минатата година опаднаа, додека авторитарните режими ја зацврстија својата контрола, но има значителен напредок во Јужна Азија, соопшти денеска Фридом Хаус во својот годишен извештај.

Организацијата за истражување со седиште во Вашингтон издигна две земји до статус на „слободни“ – Сенегал, каде опозицијата триумфираше откако беше поразен обидот на претседателот во заминување да ги одложи изборите, и Бутан, хималајското кралство кое ја консолидираше транзицијата кон демократија со конкурентни избори.

Канбера - Медицинска сестра во Австралија е обвинета за упатување смртни закани и други прекршоци поради видео на кое се гледа болнички персонал како се фали со убивање и одбивање да лекува израелски пациенти.

Полицијата на Нов Јужен Велс соопшти дека обвинила 26-годишна жена за три кривични дела, вклучително и закана со насилство кон група и користење на средства за комуникација поради закана за убиство.

 

 

Остани поврзан