• сабота, 23 ноември 2024
МИА Најави МКД

25 јуни 2023 

Куманово - Премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски и вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ ќе се обратат на трибината на тема „МК во ЕУ до 2030“ во организација на СДСМ. (НУЦК Трајко Прокопиев/ 12.30 часот)

Скопје - Свечена седница на Собранието на Здруженито „Нефрон“ по повод 20 години јубилеј со доделвуање награди за пациентите од Македонија со над 20 години стаж на дијализа и трансплантација. (Голема сала на СПМ-кај канцеларијата на Здружение на Нефрон/11:00)

Фоџа - Копродукциската претстава „Нема да биде крај на светот“ на Македонскиот народен театар, Перипетија продукција - Скопје и Сараевскиот воен театар САРТР – Сараево, ќе учествува на италијанскиот фестивал „Монте Сакро“ во Фоџа.

Скопје - Во рамките на манифестацијата Културно лето на Кисела Вода, во паркот Македонија, во општина Кисела Вода, ќе биде откриена биста на покојниот Мите Костов Папули, основачот на првата влашка политичка партија – Партија на Власите од Македонија. (Парк Македонија, Кисела Вода/11:00)

Скопје - „Extreme Power City No.4“ автомобилска трка. (На самиот влез во Скопје, на паркингот пред „Кромберт и Шуберт“/11:00)

_________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан