• петок, 05 декември 2025
МИА Најави МКД

3 декември 2025

Скопје - Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост ќе го посети Државното средно училиште со ресурсен центар „Партенија Зографски“ Скопје. (10:45)

Скопје - Собранието на Р. Северна Македонија ќе ја одржи 72-та седница. (Сала „Македонија“/11:00)

Брисел - Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски во работна посета на Брисел.

Скопје - Претседателот на Владата Христијан Мицкоски ќе се обрати на „Бизнис форум Скопје“ што се организира како резултат на меѓувладината соработка меѓу Република Северна Македонија и Република Србија. (х. Александар Палас/12:00)

Скопје - Заменик-претседателот на Владата и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ и заменик-претседателката на Владата на Р. Србија и министерка за економија, Адријана Месаровиќ ќе потпишат Меморандум за разбирање за соработка меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Србија. (Влада на РС Македонија/09:40)

Тетово - Министерот за здравство Азир Алиу ќе присуствува на доделувањето решенија за вработување на 28 специјализанти во Клиничката болница Тетово. (13:30)

Скопје - Конференција MASIT 2.0 - “Recode Reality” во организација на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ. (р. PARK by RAGUSA/09:00, изјави за медиуми на претседателот на МАСИТ, Јордан Димитровски и министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски/09:45)

Скопје - Министерката за образование и наука Весна Јаневска ќе учествува на панел дискусијата „Кој ќе ја кодира иднината? - Едукација, кадар и потребите на ИКТ индустријата“, како дел од годишната конференција на МАСИТ – Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии. (р. Парк рагуса/12:30)

Скопје - Судскиот совет на РСМ ќе ја одржи 532-та седница. (сала на Судски совет/10:00)

Скопје – Уставниот суд ќе ја одржи 26. седница. (сала на Уставен суд/9:30)

Скопје - Прва Регионална конференција за заштита од пожари во организација на SFPE North Macedonia - Здружение на инженери за заштита од пожари со учество на експерти, професори, компании, институции и посетители од 23 земји. (х.„Хилтон“/10:00)

Битола - Промоција на доктори на науки што докторирале на Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола. (Ректорат / 11:00)

Скопје - Изјава на СДСМ пред Јавното обвинителство во Скопје. (11:15)

Скопје - Прес-конференцијата на потпретседателот на Демократската Унија за Интеграција, Арбер Адеми. (седиште на ДУИ/12:00)

Скопје - Здружението СОС ВИТА ќе одржи настан по повод Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби. (р.JAFA GOLD/19:00)

Скопје - Предавање на проф. д-р Ванѓа Радевска по повод Денот на децата. (ЈУ Дом на култура "Кочо Рацин", голем салон/17:45)

Скопје - Меѓународниот балкански универзитет ќе одржи прес со медиумите. (IBU Kampus/10:30)

Скопје - Промоција на Зборникот од меѓународната научна конференција „Мит и драма: современи толкувања“. (Europe House Skopje/20:00) 

Скопје - Промоција на публикацијата „И после се, проблеми со родот' - Критички истражувања за родот, полот и сексуалноста. (Кафе КОТУР/20:00)

Скопје - Промоција на монографијата „Рисима“ од Јасна Франговска. (Јавна соба/19:00)

Гевгелија - Отворање на изложбата „Жанр сцени“- избор од богата и вредна колекција на Националната галерија на Република Македонија. (Уметничка галерија „Амам“/19:00)

Скопје - Изложба фотографии „На Мајката земја“ на Сашо Алушевски. (Парк на франкофонијата, мобилна-монтажна галерија/18:00)

Скопје - Праизведба на драмскиот текст „Анна“ од Драгана Лукан Николоски во режија на Нина Николиќ. (Театар Комедија)

Скопје -  Почнува 24. издание на фестивалот на европски филм „Синедејс“, во чија програма ќе гостува и Фестивалот на креативен документарен филм „Зимски МакеДокс“. (МКЦ и Кинотека) 

Скопје - Гала филмска вечер со премиера на филмот „Луда љубов" (2024), од Жил Лелуш, во организација на Францускиот институт во Скопје. (Скопје Сити Мол, кино Синеплекс/20:00)

_________________________________________________________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан