• петок, 27 декември 2024
МИА Најави МКД

5 април 2023 

Скопје - Собранието ќе ја одржи 110-та седница. (Сала „Македонија“/13:00)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за образование наука и спорт. (Сала „Борис Трајковски“/12:00)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за европски прашања. (Сала 4/12:30)

Скопје - Претседателот на Владата на Република Хрватска, Андреј Пленковиќ  во официјална посета на Република Северна Македонија.

- Официјален пречек од страна на премиерот Димитар Ковачевски (10:00, линк за следење во живо/https://www.youtube.com/watch?v=7-jYN_rxpEA, пристигнување на акредитираните медиусмки претставници во Медија Центар на Владата/9:00)

-Тет-а-тет средба по церемонијата на пречекот на премиерот Ковачевски со хрватскиот премиер, Пленковиќ по што ќе следува билатерална средба на двете делегации.

- Прес-конференција на двајцата премиери на Хрватска и Северна Македонија, Пленковиќ и Ковачевски. (Медија Центар на Владата/11:10, линк за следење на македонски/https://www.youtube.com/watch?v=tbE9wIUiwCg, линк за следење на хрватски/https://www.youtube.com/watch?v=IaZlYCLTQBU, линк за следење на албански/https://www.youtube.com/watch?v=cYH30XSexOw)

- Претседателот Стево Пендаровски ќе го прими хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ. (Кабинет на претседателот, сниматели и фоторепортери/11:30) 

- Средба на претседателот на Собранието, Талат Џафери со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ. (Сала „Длаборез“/12:30)

Скопје - Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова ќе потпише договор со Европската банка за обнова и развој за грант средства обезбедени од Шведска агенција за меѓународна развојна соработка (SIDA) наменети за техничка поддршка за спроведување на проектот „Регионален проект за  цврст отпад“. (МЖСПП, сала за состаноци, 7-ми спрат/10:30)

Скопје - Државната комисија за спречување на корупцијата ќе одржи Годишна конференција за оценка на остварувањето на Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2021-2025. (х.„Хилтон“/9:00)

Скопје - Уставниот суд ќе ја одржи 13. седница. (Уставен суд/9:30)

Скопје - Здружението ЕСТИМА во соработка со Амбасадата на Франција во Скопје организира дијалог за јавни политики за спроведување на големи инфраструктурни проекти (ГИП). (Europe House/10:00)

Тетово - Градоначалникот на Општина Тетово, Билал Касами, ќе ја посети библиотеката на ООУ „Лирија“ и ќе донира книги за потребите на учениците. (12:00)

Скопје - Промоција на Поимникот за родово базирано насилство со (зло)употреба на технологијата во организација на  Канцеларијата на Фондот за население на Обединетите нации-УНФПА. (Младинскиот културен центар, Галерија 2/10:00, изјави за медиуми пред почетокот на настанот)

Скопје - Предавање  насловено „Постојано репозиционирање, помеѓу локалното и глобалното“ на уметничкиот тандем Дан и Лиа Пержовски. (Музеј на современата уметност/19:00)

Скопје - Институтот за стандардизација на Република Северна Македонија (ИСРСМ) организира онлајн обука за стандардот МКС EN ISO 9001:2015 - Преку континуирано подобрување до ефективност и ефикасност во работењето. (10:00)

Скопје - Литературна дружба и читање со Александар Стојчев. (Кафе книжарница „Буква“ до старото Кино Култура/17:15)

Скопје - Ретроспектива на Милош Форман. (Кинотека/20:00)

Скопје - Еднодневна изложба „ПИКАСО-керамики, цртежи и графики“ од колекцијата на ОСТЕН Музејот. (Галерија ОСТЕН/10:00-22:00, отворање/19:00)

Струмица - Концерт насловен „Нем филм во 4“ на Гудачкиот состав на Пламенка Трајковска. (НУЦК „Антон Панов“/19:30)

___________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан