• петок, 05 декември 2025
МИА Најави МКД

6 август 2025

Скопје - Министерката за образование и наука Весна Јаневска, министерот за здравство Азир Алиу и Марија Вук, претседателка на НВО САНО - Здружение кое им помага на децата со канцер, на Клиниката за детски болести во Скопје, ќе го најават воведувањето на формалното основно образование во болнички услови за деца на долготрајно лекување. (10:00)

Битола - Прес конференција на „БитФест“ за концертот „Кларинетска одисеја“ (Офицерски дом / 11:00)

Скопје - Во организација на Здружението на љубители на Ромската фолклорна уметност „Романо ило",  во големиот салон на Галерија „КО-РА“ во ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин" - Скопје ќе се одржи II Меѓународна музичко поетска вечер 2025 насловена „Ромската роза никогаш нема да умре во холокаустот“ со учество на 35 поети и писатели од повеќе земји. (19:00)

Скопје - Отворање на изложбата „Цвеќе на мирот“ на Живко Поповски – Цветин. (Галерија „Метаноја“, ул. „Максим Горки“/12:00)

 

__________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан