
17 мај 2025
Скопје - Претседателот на Владата Христијан Мицкоски ќе одржи прес-конференција по повод постигнатата согласност за договор за стратешко партнерство со Обединетото Кралство. (Медија центар на Владата/ 10:00)
Скопје - Премиерот Христијан Мицкоски ќе присуствува на поставување на камен темелник на фабриката „Шахтерм“ во ТИРЗ Скопје. (12:00)
Охрид - Панел дискусија „Деглобализација, нова економија или нов меѓународен поредок?“ на која панелисти ќе бидат Маја Стевкова Штериева, претседателка на МБА, Ванчо Узунов професор на УКИМ и Борче Треновски професор на УКИМ. (х. „Инекс Олгица“/12:45)
Скопје - Прес-конференција на Македонската асоцијација на гинеколози и опстетричари - МАГО. (х.„Холидеј ин“/9:30)
Скопје - Регионален натпревар по прва помош во Организација на Црвен крст на РСМ. (Училишен двор на ООУ „Димитар Миладинов”, Центар)
Скопје - Четврти регионален „Марили бизнис форум“ 2025, посветен на туризмот („Панорамика Дизајн Хотели“/10:00) и Манифестација „Избор на најуспешни жени“ 2025. („Панорамика Дизајн Хотел“/20:00).
Скопје - Настан „Со позитивна енергија против врсничкото насилство“. (Градски парк/11:00)
Скопје - Здружението за пациенти и семејства на пациенти со ретката болест хередитарен ангиоедем - ХАЕ Македонија, ќе ја промовира детската книга за хередитарен ангиоедем „Реткото момче на трка: Отекувам, но не се повлекувам – трчам!“ од авторката Наташа Анѓелеска. (Порта/12:00)
Скопје - Концерт на Државниот симфониски оркестар на Солун во Скопје. (Концертната сала на Филхармонијата/19:30)
Скопје - Промоција на романот „Неколку тишини подоцна“ на авторката Ана Стојаноскакоја. (Факултет за драмски уметности/19:00)
Скопје - Концерт на Sophia Djebel Rose (Франција). (Ла Кања/21:00)
Крушево - Маратон во планински велосипедизам „Krushevo MTB Challenge" во организација на Велосипедскиот клуб Енерџи и Велосипедската федерација на Македонија. (10:00)
Фото: МИА архива
_____________________________________________________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***