МИА Најави МКД
- 18 февруари 2025

18 февруари 2025
Скопје - Претседателот на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, Димитар Апасиев ќе одржи средба со претставници на Сојузот на синдикати на Македонија. (Канцеларија 241/14:00)
Скопје - Заменик претседателот на Владата задолжен за политички систем, Љупчо Димовски, ќе се обрати на одбележувањето на јубилејот 80 години ЈП Службен весник на Република Северна Македонија. (х.„Холидеј Ин“, сала Милениум 1/11:00)
Охрид - Форум во рамки на проектот „Заедно со потрошувачите во дигитализација и модернизација на јавните комунални услуги во Општина Охрид“ во организација на Организацијата на потрошувачите на Македонија. (х. Милениум Палас Охрид/11:00)
Скопје - Седница на Совет на Јавните обвинители на Република Северна Македонија.
Скопје - Здружението „ЕЗРА“ и Групацијата Санте Плус Хоспитал ќе одржат панел дискусија со реномирани експерти од областа на гинекологијата, акушерството и неонатологијата. (х.„Стоун Бриџ“/18:00)
Битола - Европската конференција - културно наследство. (Офицерски Дом/10:00)
Скопје - Изложба на фотографии во рамките на проектот „Вечни тела“ од фотографот Жарко Стојчевски и кореографот Искра Шукарова. (КИЦ, Изложбен салон Империјал 1/20:00)
___________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***