26 јули 2025
Истанбул - Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски учествува на првиот состанок на Балканската платформа за мир.
Штип - Министерот за здравство, Азир Алиу ќе оствари работна средба со раководството и медицинскиот персонал на ЈЗУ Клиничка болница - Штип, во рамки на иницијативата „Мобилен кабинет“.
- Средби со граѓани. (12:00-14:00)
Скопје - Церемонија по повод одбележување на 62-годишнината од катастрофалниот земјотрес кој го погоди Скопје на 26 јули 1963 година.
-Полагање свежо цвеќе пред Споменикот на загинатите во земјотресот. (Градски гробишта Бутел/10:00)
- Отворање на изложбата „Скопје за време на земјотресот и потоа“ (Музеј на град Скопје/20:00)
Берово - Здружението за еко животна средина - зелен раст и одржлив развој ЕКО ЗЕЛЕНО ДВИЖЕЊЕ Берово и Центарот за климатски промени Гевгелија ќе одржат едукативен јавен настан за превенција од шумски пожари со наслов „Оганот не простува, а шумата е живот“.(Плоштад/18:30)
Кочани - Шеснаесетти Марш на Ангелите – марш на болката и борбата за правда. (18:05)
Битола - Свечено отворање на Републичкиот фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“. (Офицерски дом, плато/20:30)
Скопје - Официјалната церемонија на затворање на ЕМОФ 2025, на којашто официјално обраќање ќе има претседателот на Организациониот комитет на ЕМОФ 2025, Даниел Димевски, Претседателот на Европските олимписки комитети, Спирос Капралос и градоначалничката на градот домаќин на летниот ЕМОФ 2027 - Лињано Сабјадоро Лаура Џорџи. (Паркинг пред СЦ „Јане Сандански“/20:30)
Скопје - Промоција на уметничката книга и отворање на самостојна изложба „Пловидба“ на Александра Ацеска. (Мобилна/Монтажна галерија на Центарот за современи уметности, Парк на Франкофонија/18:00)
___________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***