• понеделник, 16 декември 2024
МИА Најави МКД

6 октомври 2023 

Скопје - Седница на собраниската Комисија за економски прашања. (Сала „Борис Трајковски“/11:00)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет. (Сала „Борис Трајковски“/11:00)

Тирана - Министерот за надворешни работи Бујар Османи ќе учествува на состанокот на министри за надворешни работи во рамките на Берлинскиот процес во Тирана.

Тетово - Отворена трибина на која ќе се обратат вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, министерот за образование и наука, Јетон Шаќири, министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу, НЕ Андреа Силвестри, амбасадор на Република Италија и Пранвера Касами - Institute for Leadership and Public Policy - ILPP ќе се обратат на отворената трибна од кампањата „Ние сме Европа“. („Жена Парк“ Тетово/18:00)

Скопје - Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, вицепремиерот и министер за земјоделство, шумарство и водостопанство на Црна Гора, Владимир Јоковиќ, министерката за земјоделство и рурален развој на Албанија, Анила Денај, министерот за земјоделство, шумарство и рурален развој на Косово, Фатон Пеци и заменик министерот за земјоделство и храна на Бугарија, Мирослав Маринов ќе присуствуваат на првата министерска конференција за шумарство „Најдобри практики и иксуства во обновувањето на шумите“. (х.„Александар Палас“, сала 2/9:00, тркалезна маса/10:00, по завршувањето на министерската тркалезна маса, во прес корнерот се предвидени изјави за медиумите на министрите учесници на министерската конферениција)

Скопје - Економски Форум „Од криза до решенија: Станавме ли поотпорна економија денес?“. (х.„Мериот“/11:00, изјави за медиуми втор кат пред Ballroom 2/10:30)

Скопје - The Nature Conservancy (TNC), Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) и Центарот за истражување и информации за животната средина „Еко-свест“ ќе одржат конференција на тема „ Најдобри локации за фотоволтаични и ветерни централи во Македонија“. (х.„Мериот“/10:00)

Скопје - Центарот за граѓански комуникации ќе одржи дебата „Ефекти на финансиската и енергетската криза врз политиките и граѓаните“. (х. „Александар Палас“, конгресна сала 3/11:10, изјави за медиуми/11:00)

Скопје - Научен собир по повод 60 години од смртта на Ѓорѓи Абаџиев во организација на Институтот за македонска литература. (Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков", амфитеатар/11:00)

Битола - Македонско научно друштво-Битола, прес конференција. (Универзитетска библиотека/11:00)

Скопје - Промоции на нови преводи „Даблинци“ од Џејмс Џојс, „Среќа и други раскази“ од Кетрин Менсфилд, проекти и научни трудови на Катедрата за Преведување и толкување. (Филолошки факултет „Блаже Конески“, сала за седници/12:00)

Велес - Отворање на изложбата „Траги 2“ од Горан Ристовски. (Ликовен салон Велес/18:00)

Скопје - Прес-конференција на Меѓународниот филмски фестивал Киненова. (ЕУ хаус - Европска куќа-Скопје, „Св. Кирил и Методиј“ 52 б/12:30)

Скопје - Прес-конференција по повод преставата „Син“ на режисерот Дино Мустафиќ, работена по текстот „Син“ од трилогијата на Флоријан Зелер. (Драмски театар/11:00)

-Изведба на претставата „Син“. (Сцена на Драмски театар Скопје/20:00)

Солун - Проекција на документарниот филм Ако никој не свири во режија на Ѓорѓи Јаневски, проследена со разговор со авторот. (Солунски клуб и мулти-функционален културен простор To Pikap/20:00)

Скопје - Изведба на премиерата на современиот балет „Сага“ во кореографија и режија на Рисима Рисимкин. (Национална опера и балет/20:00)

Битола - Концерт на Интерфест фестивал на класична музика со Роберт Адреас (Португалија) и Онор О“Хеа (Ирска). (Офицерски дом/20:00)

Скопје - Концерт на хрватската панк - фолк велнес атракција “BRKOVI”. (МКЦ/21:00)

___________________________________________________________ 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

 

Остани поврзан