• вторник, 26 ноември 2024
МИА Најави МКД

6 мај 2023 

Лондон - Претседателот Стево Пендаровски, придружуван од сопругата Елизабета Ѓоргиевска, ќе престојува во посета на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска каде ќе присуствува на церемонијата на крунисување на кралот Чарлс Трети во Вестминстерската опатија во Лондон.

Битола - Амбасадорот Дејвид Гир, шеф на делегацијата на ЕУ и градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, официјално ќе ја отворат новата Europe House во Северна Македонија. (Europe House Битола, изјави за медиуми12:00)

Скопје - 16. Конгрес на Либерално-демократската младина на кој ќе се обрати претседателката на ЛДП Моника Зајкова. (х.„Александар Палас“, изјави за медиуми/12:00)

Скопје -  Здружението на дерматовенеролози на Македонија под мотото „Да се заштитиме од сонцето, да спречиме рак на кожа“организира бесплатни дермоскопски прегледи на бемки за граѓаните. (Плато пред Сити мол, ул.„Партизанска“, изјави за медиуми/11:30)

Скопје - Факултетот за електротехника и информациски технологии заедно со факултетското студентско собрание при ФЕИТ, организираат Отворен ден. (Двор на ФЕИТ/12:00)

Скопје - Државен натпревар по класични јазици за учениците од гимназиите и средните училишта од Република Северна Македонија во организација на Здружението Антика и Институтот за класични студии при Филозофскиот факултет во Скопје. (Филозофски факултет/10:30)

Скопје - Општина Кисела Вода ќе го одбележи својот патрон. (Дом на културата ,,Билјана Беличанец”/12:00)

Скопје - Иницијатива на граѓански здруженија за функционална поликлиника во Шуто Оризари. (пред новоотворениот АМАРО МОЛ во Шуто Оризари/11:00)

Скопје - Трета сезона на промоција и продажба на органска храна „Пазар.орг“ во организација на Јавна соба, Бакалница.нет, Зелена Република и Прва Органска Задруга. (Јавна соба, зелена тераса/10:00)

Скопје - Планинарски марш до Водно по повод Европскиот ден на знамето во организација на Европското движење. (Пред седиштето на ЕУ/9:00)

Скопје - Годишно собрание на Друштвото на ликовни уметници на Македонија. (Дом на АРМ/12:00)

Скопје - Концерт по повод Светскиот ден на хармониката во организација на Здружението „Љубители на класична музика“ Скопје. (НУ Филхармонија, камерна сала/19:30)

___________________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан