• понеделник, 16 јуни 2025
МИА Најави МКД

16 мај 2025 

Скопје - Претседателот на Собранието, Африм Гаши ќе одржи средби со Петер Трусвел, aмбасадор на Австралија (Стар кабинет/10:30) со австриската министерка за надворешни работи, Беате Мајнл-Рајсингер (Сала на Уставна комисија/12:10) и со постојаниот претставник на УНДП, Армен Григоријан. (Стар кабинет/13:45)

Скопје - Конститутивна седница на Интерпартиската парламентарна група за следење на напредокот на Националната развојна стратегија. (Сала „Борис Трајковски“/14:00)

Скопје - Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, ќе биде домаќин на министерката за надворешни работи на Република Австрија, Беате Мајнл-Рајсингер: 

 – пристигнување и официјален пречек (10:05)

– тет-а-тет средба помеѓу министрите (10:10)

 – Билатерална средба помеѓу двете делегации (10:35)

– заедничка прес-конференција на министрите (11:25)

Скопје - Првиот заменик-премиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, ќе учествува и ќе има обраќање на конференцијата на тема „Унапредување на зелената инфраструктура во Западен Балкан“. (х. Холидеј Ин/9:00)

Скопје - Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини,Сања Божиновска, ќе се обратат на Националниот самит за предизвиците во процесот на дигитализацијата на критичната инфраструктура, безбедноста и енергетската транзиција, во организација на Solarmappro (Швајцарија), Assured Data Protection (Велика Британија), Sfera-IT (Словенија) и Bridgers (Македонија). (х.„Холидеј ин“/9:00, изјави за медиумите/9:00-9:30)

Крива Паланка - Министерот за локална самоуправа Златко Перински ќе оствари посета на Општина Крива Паланка во рамки на кампањата „Кадешто срцето е дома“, при што ќе оствари заедничка средба со градоначалникот Сашко Митовски,  општинскиот Совет и вработените во администрацијата на Општина Крива Паланка. (Линк за локацијата/изјави за медиуми 11:30)

Белград -  Министерот за култура и туризам Зоран Љутков ќе се обрати на свеченото отворање на македонскиот Културно-информативен центар во Белград, Р. Србија. (19:00)

Скопје - Претставници од Институтот Ромалитико ќе го презентираат Извештајот во сенка за состојбата на Ромите во Северна Македонија со фокус на невработеноста, образованието, здравството, домувањето и дискриминацијата. (Простории на Граѓанскиот ресурсен центар - Скопје/11:00)

Скопје - Перформанс за оддавање почит за сите жртви на системската корупција во минатите години на Движењето „Кој е Следен?“. (ОЈО Скопје/12:00)

Скопје - Промотивен настан по повод почетокот на проектот „Култура за развој“, кој е поддржан од Владата на Швајцарија, а се имплементира од страна на Хартефакт Фонд. (НУ Музеј на Македонија/14:00)

 Скопје - Деветти CASSINI Hackathon на тема „Вселената во поддршка на здравството“ под покровителство на Европската комисија и EUSPA (Агенција на ЕУ за вселенска програма). (ИТ хабот Netaville/16:00)

Тбилиси - Премиера на Анимираниот филм „Јон Вардар против Галаксијата“, во режија на Гоце Цветановски.

Скопје - Поетската Вечер со учество на поети, писатели и книжевници. (ЈУ Дом на култура „Кочо рацин“, Галерија„КО-РА“/19:00) 

Скопје - Амбасадата на Швајцарија во Скопје заедно со Амбасадите на Германија и Шведска ќе одржи настан да ја прослави Евровизијата. (Сули Ан, Факултет за ликовни уметности - ФЛУ Скопје/20:00)

 

______________________________________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

 

Остани поврзан