• петок, 05 декември 2025
МИА Најави МКД

30 јули 2025

Скопје - Ирскиот министер за европски прашања и одбрана Томас Брн во посета на Република Северна Македонија.

- заедничка прес-конференција со министерот за европски прашања Орхан Муртезани. (Влада, Медија центар/12:45)

Скопје - Првиот заменик-претседател на Владата Изет Меџити и градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу ќе присуствуваат на комеморативната церемонија по повод поставувањето на спомен-плоча кај Мостот на Бит Пазар. (мост на Бит Пазар/12:00, предвидени се изјави за медиуми)

Тетово - Министерот за здравство Азир Алиу, вицепремиерот за политики и добро владеење Арбен Фетаи и градоначалникот на Општина Тетово Биљал Касами ќе го означат почетокот на изградбата на Меморијален парк за жртвите од пожарот во Модуларната болница во Тетово.
(во близина на КБ Тетово, https://maps.app.goo.gl/uhfSgk7LUS5Y8VC17?g_st=ipc
/10:00, предвидени се изјави за медиуми)

Велес - Генералните директори на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски и Бранко Аџигогов во работна посета на Општата болница Велес. (13:00)

Скопје - Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски ќе одржи брифинг со медиумите. (РКЕ/10:00, изјава за медиуми по завршување на брифингот/10:30)

Скопје - Поставување камен-темелник за изградба на нова кујна во ЈОУДГ „Гоце Делчев“ во општина Илинден. (10:00) 

Штип - Трибина на ВМРО-ДПМНЕ во општина Штип на тема: „Реформи во здравството-Ги градиме темелите на промените“, на која говори лидерот на партијата и претседател на Владата Христијан Мицкоски. (19:00)

Скопје - Македонската академија за алтернативна култура (МААК) ќе ја промовира предлог-стратегијата за духовно насочување и развој на македонската нација. (Дом на култура „Билјана Беличанец“ / 19:30)

Скопје - Со концерт на Камерниот оркестар на Музичка младина на Македонија „Саша Николовски - Ѓумар“ завршува 46. издание на „Скопско лето“. (Сули ан/20:30)

Сплит - Националниот џез оркестар ќе гостува на фестивалот „Сплитско лето“ во организација на Хрватскиот народен театар. (Перистил/21:00)

Битола - Претставници на Светската фолкорна асоцијација ЦИОФФ ќе презентираат информации за фолклорот во светот. (Центар за култура, мала сала / 11:00):

- Вечер на традиционална музика и игра (Офицерски дом / 20:00)

- Манифестација „Ехо од дамарите“ (плоштад „Магнолија“ / 22:00)

___________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан