1 декември 2023
Скопје - Втор ден од Министерскиот совет на ОБСЕ:
- завршна прес-конференција (14:30)
Скопје - Собранието на Република Северна Македонија ќе ја одржи 133-та седница. (сала „Македонија“/11:00)
Скопје - Седница на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата. (сала „Борис Трајковски“/10:00)
Скопје - Седница на Законодавно правна комисија. (сала 4/10:30)
Скопје - Средба на претседателот на Собранието, Талат Џафери со потпретседателката на Светска банка за регионот на Европа и Централна Азија, Антонела Басани. (Собрание, Стар кабинет/12:00)
Скопје - Премиерот Димитар Ковачевски ќе присуствува на конференцијата организирана во рамки на одбележувањето на 30-годишнината од партнерството меѓу Светска банка и Северна Македонија. (Економски факултет/10:00)
Скопје - Прес-конференција на вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ и вицепремиерот и министер за надворешни и европски работи на Република Словенија Тања Фајон по повод потпишувањето на меморандум за меѓународна развојна соработка за период 2023-2024 година. (Влада на РСМ, медија центар/9:30, пристигнување на медиумите/9:25, на македонски јазик https://youtube.com/live/lS_5A8QRRK4, на албански јазик https://youtube.com/live/BOEM8NVQuCM на словенечки јазик https://youtube.com/live/Dw57qr9dS9U
Скопје - Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски со дел од раководството на МВР ќе го посети Секторот за внатрешни работи Скопје. (09:30)
Скопје - Австриската амбасада ќе го презентира првото Enzi. (Пред КИЦ /12:00)
Скопје - Прес-конференција на државниот советник во канцеларијата на Народниот правобранител, Васка Бајрамовска -Мстафа на која ќе ги промовира клучните наоди и препораки од анализата „Пристап до високо образвание за лицата со попреченост во РСМ“. (простории на Народен правобранител, зграда на ТД „Макошпед“, ул „Македонија“ бр 12/11:00)
Криволак - Припадници на Вооружените сили (ВС) на САД за Европа и Африка ќе изведуваат вежбовни активности на армискиот полигон „Криволак“.
Скопје - „Отворен ден на УКИМ“ во организација на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. (УКИМ/10:00-12:00 и од 12:00-14:00)
Скопје - Здружението за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ - „Заедно посилни“ и Платформата на граѓанските организации што спроведуваат програми за превенција и поддршка во врска со ХИВ ќе одржат прес-конференција по повод 1 Декември - Светскиот ден на СИДА. (х.„Холидеј Ин“/11:00)
Битола - Втора годишна средба на архитекти и планери. (Офицерски дом/10:30)
Скопје - Годишен симпозиум на Зружението на ликовни критичари АИКА Македонија, насловен „Визуелизирање на еднаквоста: женските улоги во обликувањето на уметничките наративи“. (Музеј на современа уметност - Скопје/12:00)
Скопје - Доделување на наградите за учениците од средните училишта кои учествуваа на работилницата по фотографија „Скопје, културна европска престолнина“. ( ДСУЛУД „Лазар Личеноски“/11:00)
Скопје - Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Северна Македонија - Мобилност Македонија, по повод Светскиот Ден на лицата со инвалидност „3-ти Декември“, организира изложба на слики од XII-тата Меѓународна ликовна колонија. (Порта Македонија/19:00)
Скопје - Австриската амбасадата организира концерт со Јелена Попржан квартет од Австрија. (КИЦ, Салон 19,19, втори кат/20:00)
_______________________________________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***