• понеделник, 19 август 2024

МИА Најави МКД (ДПЛ)

МИА Најави МКД (ДПЛ)

19 август 2024

Кавадарци - Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски и директорот на ЈП за државни патишта Коце Трајановски, ќе остварат работна посета на општина Кавадарци. (изјава за медиуми во холот на општина Кавадарци/11:15)

Скопје - Министерот за здравство Арбен Таравари ќе го посети Црвениот крст на Република Северна Македонија по повод промоција на партнерство со Црвениот крст за санитетски транспортни возила. (простории на Црвен крст на РСМ/10:30)

Скопје - Коалицијата ВЛЕН ќе одржи прес - конференција. (простории на Алтернатива во т.ц. Мавровка/11:30)

Скопје - Во рамки на 15. издание на МакеДокс ќе се одржи 6. МакеКоПроДокс форум. (МКЦ)

Сараево - Светска премиера на дебитантскиот игран филм на македонскиот режисер Димитар Оровчанец „Убиј ги прво децата“, на 30. Сараевски филмски фестивал. (амфитеатар Open Air/21:45)

_________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан