• среда, 07 август 2024

МИА Најави МКД (ДПЛ)

МИА Најави МКД (ДПЛ)

6 август 2024

Скопје - Седница на собраниската Законодавно-правна комисија. (Собрание, сала 4/ 13:00)

Скопје -  Прес-конференција на претседателот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев по повод интерпелацијата на претседателот на Собранието, Африм Гаши. (Собрание/ 11:30)

Скопје - Прес - конференција на пратеникот на Коалицијата ВЛЕН, Беким Сали. (пред објектот на Јавното основно обвинителство - Скопје/11:30)

Кавадарци - Јавна расправа по Студијата за оцена на влијание врз животната средина за проект - Еколошки рециклажен центар за собирање и третман на отпадни гуми во општина Кавадарци. (Простории на Општина Кавадарци/12:00)

Скопје - Македонскиот уметник и хуманист Живко Поповски – Цветин, кандидат за Нобеловата награда за мир, заедно со членовите на Цветиновиот комитет за мир подготвија Декларација за мир во светот и против војните и употреба на нуклеарното оружје, која ќе биде отворена за потпишување од страна на граѓаните. (Пред Спомен куќата на Мајка Тереза/9:00)

Охрид - Промоција на книгите „Радио“ и „Неправилен ритам“ од авторот Љупчо Јолевски во рамки на Фестивалот „Охридско лето“. (во Предворјето на црквата „Света Софија“/21:00)

__________________________________________________________ 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан