• понеделник, 18 ноември 2024

МИА Најави МКД

МИА Најави МКД
29 октомври 2022  Куманово - Премиерите на Северна Македонија и на Бугарија, Димитар Ковачевски и Галаб Донев, првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, директорот на ЈП ЖРСМ Инфраструктура Хари Локвенец, амбасадорот на Делегацијата на ЕУ Дејвид Гир и директорот на канцеларијата на Европската банка за обнова и развој Анди Аранитаси ќе присуствуваат на отпочнување со градба на источен дел од пругата на Коридор 8, секција Куманово - Бељаковце - Крива Паланка. (село Шупљи камен, Општина Куманово/12:00,https://www.youtube.com/watch?v=T6tIDz1Jkl0) Скопје - Прес-конференција на претседателот на Алтернатива, Африм Гаши. (Седиште на Алтернатива/11:00) Скопје - Детска работилница „Од деца за деца“ за изработка на новогодишни картички од страна на деца со атипичен развој и аутистичен спектар на нарушување. (Бугарски културно-информативен центар, ул. „Никола Вапцаров“  бр.26/11:00) Скопје - Прв Самит за лидерство. (х.„Холидеј ин“/10:00) Риека - Културна манифестација Ден на Заедницата на Македонците во Република Хрватска во организација на Заедницата на Макдонците во Република Хрватска и МКД „Илинден“ од Риека. (Хрватски културен дом „Сушак“, Штросмаерова 1/18:00) Скопје - Промоција на публикацијата „ЗБОРУВА АКТО! 2006-2020“. (Музеј на современа уметност/12:00) Скопје - Театарски перформанс „Малата принцеза од Скопје“. (ЈУ Градска Библиотека „Браќа Миладиновци“) Скопје - Изведба на балетската претстава „Рајмонда“ од Александар Глазунов. (Национална опера и балет/20:00) Скопје - Kонцерт и промоција на нов албум на Bopheads. (Филхармонија/20:00) Скопје - Роденденска забава на ЈП Лајка. (Кафе бар Дневна доза кафе/11:00) ___________________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини*** 

Остани поврзан