• петок, 26 јули 2024
МИА Најави МКД
10 февруари 2022  Скопје - Собранието ќе ја одржи 62 седница. (Голема сала/11:00) Скопје - Седница на собраниската Законодавно-правна комисија. (Сала 6/10:00) Скопје - Работна средба на Комитетот за односи меѓу заедниците. (Сала 6/14:00)

Битола - Амбасадорот Дејвид Гир, шеф на Делегацијата на ЕУ ќе оствари средба со градоначалникот на Битола, Тони Коњановски и заедно ќе го посетат „Домот на Армијата“ – споменик на културата што е реставриран со средства од ЕУ. (Изјави за медиуми пред зградата на Општина Битола/11:30)

Скопје - Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија ќе одржи онлајн консултативен состанок за претстојниот Повик за проектни предлози во рамките на ИПА III Инструмент за поддршка на граѓанското општество и медиуми 2021 – 2022.(https://us02web.zoom.us/j/83603241155/14:00)

Скопје - Комората на приватно здравство на Македонија при Сојузот на стопански комори на Македонија ќе одржи прес-конференција. (Сојуз на стопански комори на Македонија/11:00)

______________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан