5 мај 2022
Скопје - Собранието на Република Северна Македонија ќе ја одржи 57-та седница. (Голема сала /12:00)
Скопје - Седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците. (Сала 6 /11:00)
Скопје - Собраниската Комисија за европски прашања ќе ги одржи 38-та и 34-та седница. (Сала „Борис Трајковски“ / 11:00 и 12:30)
Скопје - Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски ќе се обратат на Регионалната конференција на директори на полиции од Западен Балкан, Елинската Република, Република Бугарија и Италијанската Република. (х. „Хилтон“ / 12:00)
Софија - Министерот за економија Крешник Бектеши ќе учествува на Министерски состанок за регионална соработка за енергетска безбедност, диверзификација и зелена транзиција.
Тетово - Градоначалникот на Општина Тетово, Билал Касами ќе одржи прес-конференција. (Простории на општина Тетово/13:00)
Скопје - Прес-конференција на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија. (Градски трговски центар, кино „Милениум“ /10:45)
Скопје - Прес-конференција на Независниот синдикат на Управата за водење матични книги. (Пред Министерството за правда /16:00)
Скопје - Католичката црква во соработка со Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи ќе промовираат монографија за доаѓањето на папата Франциск во Скопје - „Историска посета на светиот отец - прво македонско добредојде за папата Франциск“ и зборник на трудови „Католичката црква во Македонија низ историјата“ во организација на (Филхармонија /13:00)
Скопје - Компанијата „Infineon Technologies“ ќе одржи работилница „Infineon meets FEEIT“. (ИНОФЕИТ, Факултет за електротехника и информациски технологии /9:00)
Скопје Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ ќе го одбележи 5 Мај – Денот на македонскиот јазик. (Амфитеатар на Институтот и во Спомен-собата на Крсте Мисирков/10:00)
Скопје - НУБ „Св. Климент Охридски“ по повод 5 Мај - Денот на македонскиот јазик ќе организира настан „Лексикографски факти во НУБ - од Пулевски до денес!“. (14:00)
Скопје - Програмска активност „Ден на македонскиот јазик“, посветена на кодификацијата на македонскиот литературен јазик организира Градската библиотека „Браќа Миладиновци“. (Спомен-соба на Миладиновци /12:00)
Скопје - Промотивна конференција за проектот „Мониторинг на православното културно наследство“ на ИКОМОС Македонија и Македонската православна црква - Охридска архиепископја. (Манастир „Св.Пантелејмон“ во Нерези /11:00)
Штип - Филолошкиот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип ќе додели награди од Конкурс за есеј. (Правен факултет, свечена сала/ 12:00)
Скопје - Прес-конференција на Националната опера и балет по повод 50-тиот фестивал „Мајски оперски вечери“ и премиерата на операта „Норма“ од Белини. (Национална опера и балет, фоаје /10:00)
Софија – Отворање на 13. „Македонска книжевна визита“ во организација на Културно-информативниот центар на РСМ во Софија и Книгоиздателството „Макавеј“ од Скопје. (КИЦ на РСМ во Софија/ 19:00)
Скопје - По повод Денот на македонскиот јазик, издавачката куќа „Арс Ламина“ организира промотивен настан „Македонски книжевни класици – Подарок за поколенијата!” (Промотивен центар на Саемот на книгата, арена „Борис Трајковски“ / 19:00)
Скопје - Промоција на книгата „Ноемвриски крстосници“ од Сања Мучкајева-Видановска во организација на Турскиот културен центар „Јунус Емре“ - Скопје. (Промотивен центар на Саемот на книгата, арена „Борис Трајковски“ / 13:00)
Скопје - Националната галерија ќе отвори ретроспективната изложба на дела од Димитар Кондовски. (Галерија Даут-пашин амам / 20:00)
Битола - Самостојна изложба на македонска резба од копаничарот Веселин Поповски. (Центар за култура, фоаје /19:00)
Скопје - Со проекција на „Кој тоа таму пее?“ ќе биде отворена филмската програма „Антологија на српскиот филм“. (Кинотека / 19:00)
___________________________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***