• петок, 26 јули 2024
МИА Најави МКД
9 јуни 2022  Скопје - Седница на собраниската Комисија за образование, наука и спорт. (Сала „Борис Трајковски“/10:00) Скопје - Седница на Постојана анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот. (Сала 4/11:00) Скопје  - Седница на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата. (Сала „Борис Трајковски“/12:00) Скопје - Промоција на Рамката за развој МКД 2030 изготвена на иницијатива на претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски. (Кабинет на претседателот/10:00, пристигнување на медиумите/9:30)
Гостивар - Вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска ќе присуствува на панел дискусија на тема „Што претставува интегритетот за еден млад човек?“. (Младински ресурсен центар „Ајкен“/12:30) 
Скопје - Државната комисија за спречување на корупцијата ќе ја одржи 70-та седница. (https://us06web.zoom.us/j/86924040414?pwd=TVBZcWtWWFc0ZHFSQ3hCY0R2SFR6dz09/10:00)
Скопје - Воздухопловниот ВИНГ (вВИНГ) од состав на командата за операции со воена свеченост ќе го одбележи Денот на единицата по повод 30-годишниот јубилеј на Армијата. (Касарна „Страшо Пинџур“, Петровец/10:00, сниматели и фоторепортери пристигнување пред пријавницата во касарната/9:30)
Скопје - Агенцијата за катастар на недвижности ќе одржи стручна јавна расправа за новите предложени прописи од областа на геодезијата, премерот, катастарот на недвижности и водењето регистри. (Клуб на пратеници/10:00)
Скопје - Директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски ќе одржи брифинг со медиумите. (Дирекција за ТИРЗ/10:30, изјави за медиуми по брифингот)
Скопје - Јавна трибина на која ќе биде презентиран „Нов тарифен систем за универзалниот снабдувач“ во организација на МАКО СИГРЕ асоцијација на инженери и техничари. (Амфитеатарот на ФЕИТ/14:00)
Скопје - Одбележување на Светскиот ден на акредитацијата под мотото „Акредитација: Одржливост на економскиот раст и животната средина“ во организација на Институтот за акредитација на Република Северна Македонија. (х.„Континентал“, кристална сала/10:00) 
Скопје - Прес - конференција на Агенцијата за млади и спорт по повод Отворени балкански училишни спортски игри „Охрид 2022“. (Агенција за млади и спорт/12:00)
Скопје - Банка за храна Македонија организира завршен промотивен настан посветен на битката со КОВИД 19 кризата. (х.„Континентал“/11:00)  
Скопје - Олимписки ден во Општина Бутел на кој ќе присуствува претседателот на Меѓународниот олимписки комитет Томас Бах. (ООУ „Живко Брајковски“, нас. Бутел 1/9:30, изјава за медиуми по завршување на настанот во спортската сала „Антон Димитров“ во дворот на ООУ „Живко Брајковски“)
Скопје - Промоција на книгата „Позлатено распетие“ од Ивица Челиковиќ. (Друштво на писатели на Македонија/12:00)
Скопје - Промоција на книгата „Соништа на писателот“ од Мимоза Рајл. (Салон 19:19/19:19)
Скопје - Отворањето на четврто издание на „Златна рамка“ - Денови на македонскиот филм, во организација на Друштвото на филмски работници на Македонија (ДФРМ). (Кино „Фросина“, Младински културен центар). Доделување на традиционалните почесни награди „Златна рамка“. (х.„Александар Палас“/20:00)
————————————————————————————————————————— ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан