• сабота, 23 ноември 2024
МИА Најави МКД
4 јули 2020  Скопје - Делегации на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија ќе положат свежо цвеќе на Споменикот на децата бегалци - жртви од Граѓанската војна во Грција 1946-1949 година. (Парк Жена Борец спроти Собранието на Македонија/10:00)  ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2020  Крива Паланка/Дебар - Караванот на коалицијата „Можеме“ во Крива Паланка (19:00) и во Дебар (20:30). Прилеп - Караванот на Единствена Македонија и Коалицијата „Никогаш северна - само Македонија“, ќе оствари средби со жителите на општина Прилеп. - Носителот на листа во четвртата изборна единица и претседател на Единствена Македонија проф. д-р Јанко Бачев ќе даде изјава за медиумите пред општинскиот штаб на партијата на Плоштадот. (11:30)

Македонски Брод/Крушево/Демир Хисар/Ресен - Караванот на политичката платформа Македонски концепт ја продолжува посетата низ македонските градови. (Македонски Брод/10:00,  градски плоштад во Крушево/12:00, изјави за медиумите од Петар Богојески, промотор на Македонски концепт и од кандидатите за пратеници/12:15,  плоштад во Демир Хисар/17:00, плоштад во Ресен/19:00)

Тетово - Кандидатот за прв премиер албанец, ќе оствари средба со градоначалниците на повеќе општини. (Простории на Општина Тетово/10:00, пристигнување на медиумите/9:45) Гевгелија - Носителот на кандидатската листа на Левица во ИЕ 4, Бранко Ристов и  претседателот на партијата Димитар Апасиев ќе присуствуваат на отворање на канцеларија во ЛО Гевгелија. (Простории на ЛО Гевгелија/19:00) ___________________________________________________________________________ *МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан