МИА Најави МКД
- 8 септември 2020
8 септември 2020
Скопје - Свеченост по повод Денот на независноста - 8 Септември, во организација на Владата на Република Северна Македонија, на која ќе се обрати премиерот Зоран Заев. (Двор на Владата на РСМ/10:00, пристигнување на медиумите/9:00)
- владина делегација предводена од премиерот Заев придружуван од првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, вицепремиерот за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски, министерката за образование и наука Мила Царовска и министерка за труд и социјална политика Јагода Шахпаска ќе положи цвеќе на гробиштата „Бутел“, на вечните почивалишта на поранешните претседатели на државата Борис Трајковски и Киро Глигоров. (сниматели и фоторепортери/8:00)
- собраниска делегација, составена од пратеничките Снежана Калеска-Ванчева и Велика Стојкова-Серафимовска ќе положи венци цвеќе на вечните почивалишта на поранешните претседатели Киро Глигоров и Борис Трајковски на гробиштата Бутел. (8:00)
Скопје - Доделување на државната награда „8 Септември“ 2020 за животно дело за исклучителен придонес во развојот на спортот, афирмацијата и промоцијата на РСМ на меѓународен план и признание на спортисти, тренери и спортски работници за остварување во областа на спортот. (Собрание на РСМ, кристална сала/11:00)
Скопје - Прес-конференција на градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов. (На крстосницата на ул.„Македонско-косовска бригада“ со ул.„Втора македонска бригада“/11:15)
Скопје - По повод отворањето на Саемот на книга, Глобал Медиа Гроуп организира прошетка на саемот под мотото #БезбедниСаеми. (А1 Арена СЦ Борис Трајковски, кај Аква Паркот под монтажни објекти/10:00)
Маврово - Прва хронометар велосипедска трка во организација на Халкбанк АД Скопје. (пред х.„Спорт“/9:00)
_______________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***