• сабота, 31 август 2024
МИА Најави МКД
15 април 2022  Сараево - Министерот за надворешни работи Бујар Османи во работна посета на Босна и Херцеговина. Велес - Министерката за одбрана Славјанка Петровска, началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и заменик-министерот за одбрана Башким Хасани ќе присуствуваат на воената свеченост по повод одбележувањето на Денот на Командата за обука и доктрини (КОД). (Касарна „Алексо Демниевски Бауман”/11.00, пристигнување на медиумите пред пријавницата на касарната во Велес/10:35)

Скопје - Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделието и руралниот развој, Никица Бачовски, ќе ги доделат договорите за набавка на високопедигриран добиток. (Двор од Клубот на пратеници/12:00)

Струга - Заменик-министерката за надворешни работи, Фатмире Исаки, директорот на Бирото за регионален развој, Рамиз Реџепи и градоначалникот на Општина Струга и претседател на советот за развој на ЈЗПР, Рамиз Мерко ќе присуствуваат на Првиот Економско-дипломатски караван во Југозападниот плански регион (ЈЗПР) во организација на Министерството за надворешни работи и Бирото за регионален развој. (х.„Изгрев“/13:30, изјави за медиуми по потпишувањето на меморандумот)

Скопје - Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески со дел од менаџерскиот тим ќе ја посетат компанијата Гранд Експорт („Grand Foods Corporation“)-Скопје. (ул.532 бр.150 Марино, изјави за медиумите/11:10)

Скопје - Државната комисија за спречување на корупцијата ќе ја одржи 65-тата седница. (https://us06web.zoom.us/j/82418091931?pwd=MEIzS1B4Ylc1cmVUTS9DV1I5QlhJUT09/10:00) Скопје - Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ќе ја одржи 15-та седница.ростории на Агенцијата, конференциска сала, 2 кат/14:00) Скопје - Прес-конференција на директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов. (на пешачката патека горе кај ѕидот на браната Матка/11:00) Скопје - Дебатата на тема „Штрајк во образованието: неопходност од превреднување на наставата и инвестирање во нашиот човечки капитал“ во организација на Институтот за јавна политика „Арбен Џафери“ и Аналитичкиот центар на Алијансата за Албанците. (хотел „Холидеј Ин“, сала 1/11:30) Скопје -  Информативен настан Активности за подигнување на јавната свест во рамките на проектот „Отстранување на технички и економски бариери за започнување на ремедијацијата на локациите контаминирани алфа-НСН, бета-НСН и загадени места со линдтан во ОХИС, 100122“ во организација на Македонското еколошко друштво. (https://us06web.zoom.us/j/88172090807?pwd=dUt1cW5zTkNxTmlOMXZWdldXakZ6UT09 или во канцеларијата на Македонското еколошко друштво/14:00) Скопје - Прес-конференција на синдикалната организација при Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија во фабриката „Треска“. (На влезот на фабриката, ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“/10:00)   Скопје - Здружението на хемофиличарите на Македонија ќе го одбележи Светскиот ден на хемофилијата 2022 под мотото Пристап за сите. (Плато пред Универзитетската клиника за детски болести, Центарот за хемофилија при ИТМ и Универзитетеска Клиника за Хематологија/12:00) Скопје - Онлајн презентација на наодите од „Опсерваторијата на влијанието и имиџот на државите“ во организација на Институтот ПРЕСПА. (https://us02web.zoom.us/j/81262864964?pwd=d3hNenRYVklhbUZlRnRrUVJhOVJoUT09/10:30) Куманово - Здружението „Градиме иднина“ ќе одржи прес-конференција во врска со проектот Стоп за питачење и злоупотреба на децата и нивното здравје“, како и идните активности кои се дел од овој Проект. (Плоштадот во Куманово/11:00) Скопје - Омаж за творештвото на Александар Стојчев. (Книжарница Матица ексклузив/12:00) Скопје - Отворање на изложбата „Возвишување“ во организација на Галерија „Метаноја“ во соработка со Балканскиот институт за вера и култура. (Галерија „Метаноја“, ул.„Максим Горки“ бр.19/12:00)  Скопје - Отворање на изложбата „Поместени граници“ во организација на Друштвото на ликовни уметници на Македонија и Министерството за култура. (Двор на Министерство за култура/13:30)
Скопје - Отворање на изложбата „Квадратна божественост“ на Валентина Илијевска. (Галерија „КО-РА“, голем салон/20:00)
Скопје - Изведба на балетската претстава „Жизел“ од Адолф Адам. (Национална опера и балет/20:00)
Скопје - Почнува Фестивалот на народни и класични инструменти „Инструментите на моите предци“ во организација на Детскиот културен центар „Карпош“.
Скопје - Слистички концерт-промоција на Зарина Првасевда, нејзин прв официјален студиски албум насловен како „ЕХО". (Македонска филхармонија/20:00)
___________________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан