• среда, 27 ноември 2024

МИА Најави МКД

МИА Најави МКД
4 февруари 2022  Скопје - Одбележување 150 години од раѓањето на Гоце Делчев. – Претседателот Стево Пендаровски ќе положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата Свети Спас. (10:00)  - Претседателот Стево Пендаровски во НУ Музеј на македонската борба, ќе ја отвори изложбата „150 години од раѓањето на Гоце Делчев (1872-2022)“ која ја организира Државниот архив, а е под покровителство на претседателот Пендаровски. (12:00)  - Делегација од Кабинетот на претседателот ќе положи цвеќе на споменикот на Гоце Делчев во градскиот парк во Скопје. (10:30) - Делегација од Кабинетот на претседателот ќе положи цвеќе на споменикот на Гоце Делчев на Плоштадот Македонија во Скопје. (11:00) -Делегација на Собранието, предводена од потпретседателот Горан Мисовски во состав Марија Георгиевска и Велика Стојкова-Серафимовска, по повод 150-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев ќе положи свежо цвеќе на гробот на Гоце Делчев. (Црква Свети Спас /10:00) - Делегација составена од првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и заменик-министерот за информатичко општество и администрација Александар Бајдевски ќе положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев. (Црква Свети Спас/10:00) - Владина делегација составена од министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски и советникот на премиерот Едмонд Адеми ќе положи цвеќе на споменикот на Гоце Делчев во градскиот парк во Скопје (10:30), а на споменикот на Гоце Делчев на Плоштадот Македонија во Скопје. (11:00) - Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ќе присуствува на свеченото отворање на изложбата по повод 150 години од раѓањето на Гоце Делчев, организирана од Државниот архив под покровителство на Претседателот на Република Северна Македонија. (Музеј на македонската борба/12:00)- Делегација на Владата на Република Северна Македонија составена од министерката за култура Костадиновска Стојчевска и заменичката министерка за надворешни работи Фатмире Исаки ќе положи венец заедно со делегации од Република Бугарија на гробот на Гоце Делчев. (Црква Свети Спас/13:00) - Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ќе положи цвеќе на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата Св. Спас. (9:30, изјава за медиумите по положувањето цвеќе) Брисел - Втор ден од посетата на премиерот Димитар Ковачевски на Брисел. Баку - Министерот за економија, Крешник Бектеши придружуван од Бајрам Реџепи, директор на „Национални енергетски ресурси“ АД ќе присуствува и ќе се обрати на Осмиот министерски состанок на Советодавниот совет на Јужниот гасен коридор што се одржува во главниот град на Азербејџан, Баку. Скопје - Трибина насловена „Македонската кауза - 150 години од раѓањето на Гоце Делчев" по повод 150 години од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев во организација на Левичарскиот институт „Рацин“.(Кино Фросина, МКЦ/18:30) Скопје - Здружението за борба против рак „БОРКА - За секој нов ден" по повод Светскиот ден за борба против ракот ќе одржи онлајн прес-конференција. (Zoom платформа/11:00 часот) Скопје - Здружението на оштетени физички и правни лица на Еуростандар Банка - „Правда за штедачи“ ќе одржи прес-конференција на која ќе се објават битни информации за тековната стечајна постапка. (Пред зградата на Основниот граѓански Суд Скопје/12:00) __________________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан