• недела, 06 октомври 2024
МИА Најави МКД
3 декември 2020  Скопје - Седница на собраниската Комисија за европски прашања. (Сала „Борис Трајковски“/10:00) Скопје - Седница на собраниската Комисија за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите. (Сала 6/13:00) Скопје - Седница на Законодавно-правна комисија. (Сала 6/15:00) Неготино - Претседателот на Владата Зоран Заев и министерот за економија Крешник Бектеши ќе се обратат на промоцијата на фотонапонската централа на „ЕВН Македонија“ АД, Скопје во населеното место Војшанци, Неготинско. (https://goo.gl/maps/14:00) Скопје - Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Бујар Османи и амбасадорката на Обединетото Кралство, Рејчел Галовеј ќе ја потпишат Спогодбата за партнерство, трговија и соработка меѓу двете држави. (МНР/13:00, изјави за медиуми по завршување на потпишувањето, пристигнување на медиумите/12:45)  Скопје - Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска ќе има обраќање на тркалезната маса насловена „Трансформирање на општеството: Заедница за сите“ по повод Трети декември – Меѓународниот ден на лицата со попреченост. (https://www.youtube.com/9:00) Штип - Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ќе го посети Секторот за внатрешни работи Штип. (12:00, изјави за медиуми/12:45)

 Скопје - Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници и Македонскиот институт за медиуми ќе одржат онлајн работилница „Психолошка поддршка на новинарите во кризни ситуации“. (https://zoom.us/10:00)

Скопје - Онлајн конференција „Патот кон единствениот европски пазар“ во организација на ПСМ Фондација. (https://pheedloop.com) Скопје - Панел дискусија на тема предизвиците во ресоцијализација на луѓето со нарушено ментално здравје во организација на Здружението за ментално здравје Асоцијација Мисла. (https://us02web.zoom.us/12:00) Скопје Почеток на мултимедијална кампања со наслов „Прозорците што се смеат“ за лица со интелектуална попреченост со изложба на инсталации. (Плоштад Филип Втори, спроти дом Ибни Пајко/15:00) Скопје - Изложба Четриесет години љубов кон уметноста на Власта Делимар. (Плоштад „Македонија“/12:00) Скопје - Концерт на Филхармонија насловен „Бетовен#3“ на кој како солисти ќе настапат Емир Имеров- виолина (Германија), Александар Кагановски- виолончело (Швајцарија) и Ваг Папијан-пијано (Израел). (20:00) __________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***  
vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан