• четврток, 07 ноември 2024
МИА Најави МКД
10 март 2022  Скопје - Продолжение на 50. седница на Собранието. (11:00) Скопје - Клубот на пратенички на Собранието ќе одржи средба со пратенички од Парламентот на Република Косово за споделување парламентарни практики: „Патот од ратификација до имплементација на Истанбулската конвенција“. (Сала „Борис Трајковски“/9:45) Скопје - Работна посета на собранискиот Комитет за односи со заедниците во рамки на реализацијата на активностите поврзани со Меѓународниот проект „Говор на омраза како валута на национализмот: институционалeн одговор во Северна Македонија“. (ЈОУДГ„Фидани“ - Чаир) Софија - Вицепремиерите за европски прашања, Бојан Маричиќ, и за политики за добро владеење, Славица Грковска, како и министрите за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, и за информатичко општество и администрација Адмирим Алити  и генералниот директор на Пошти на Северна Македонија, Јани Макрадули, на состанок на работната група за европска соработка – зелена транзиција, дигитална трансформација и владеење на правото.
Скопје - Министерот за правда Никола Тупанчески и претседателот на Советот за ИКТ, Лазар Нанев ќе се обратат на  потпишување на договорите за интероперабилност помеѓу Министерството за правда и групата институции МВР, Јавно обвинителство на РСМ, Агенција за цивилно воздухопловство М-НАВ, Управата за финансиска полиција, Управата за финансиско разузнување, Централен регистар, Царинска управа и ДИК. (Влада на РСМ, свечена сала/11:00)
Скопје - Изјава на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Никица Бачовски. (Пред зградата на МЗШВ/10.30)
Скопје - Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, ќе ја одржи 9-та седница и 1-та Јавна седница. (АВМУконференциска сала, 2 кат/14:00)
Скопје - Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија-Мобилност Македонија ќе додели ортопедски помагала за лица со тежок и најтежок телесен инвалидитет. (Дом „Даре Џамбаз“/15:00)
Скопје - Одбележување на Светскиот ден на бубрегот под мотото: „Да се надминат непознавањата за да се зачува функцијата на бубрезите“, во организација на ЈЗУ Универзитетска клиника за нефрологија. (х.„Хилтон/13:00)
Скопје - Здружението НЕФРОН ќе го одбележи Светскиот ден на бубрегот. (Здружение Нефрон, голема сала/10:00)
Скопје - Организацијата Аналитика тинк-тенк ќе одржи завршен настан од проектот „Развој на култура на мир и превенција на насилство како основни вредности во образовниот систем во РС Македонија’’. (х.„Холидеј ин“/11:00)
Тетово - Јавна дискусија „Справување со нелиберални и евроскептични наративи, оддолу“  во организација на Евротинк -  Центар за европски стратегии. (ДУТ-Правен факултет/11:00)
- Работилница „Справување со нелиберални и евроскептични наративи, оддолу“. (ДУТ-Правен факултет/13:15)
Скопје - Советот на Град Скопје ќе ги одржи 6. и 7. седница. (Фејсбук страна на Град Скопје/11:00)
Скопје - Директорката на Филхармонија, Тина Иванова и фронтменот на квартетот, Александар Баланеску ќе одржат прес-конференција по повод концертот на Баланеску квартет. (Филхармонија, камерна сала/13:00)
Скопје - Комеморација по повод 79-годишнината од депортацијата на македонските Евреи. (Меморијален центар на холокаустот на Евреите од Македонија/19:30)
Делчево - Концерт „Изворни минијатури“ на ансамблот Танец во чест на 150 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев.
_________________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан