• сабота, 23 ноември 2024
МИА Најави МКД
28 мај 2021  Скопје - Премиерот Зоран Заев со воведно обраќање ќе го отвори првиот Национален Старт-ап самит под мотото „Заеднички влијаеме“, во организација на „Старт-ап Македонија“ и „Бизнис импакт лаб“ и со поддршка од Фондот за иновации и технолошки развој и Швајцарската претприемачка програма - Swiss EP. (х. „Хилтон“/12:00; Изјави за медиуми 12:35) Скопје - Министерот за надворешни работи Бујар Османи ќе се обрати на отворањето на панелот „Патот до Преспа форум за дијалог“ организиран од МНР. (Клуб на пратеници/13:00; Изјава на министерот Османи/13:30) Делчево - Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска ќе изврши увид во градежните активности на новиот објект на ЈОДГ „Весели цветови“ во село Разловци во општина Делчево. (Објектот е во состав на Подрачното училиште „Св. Климент Охридски“ во с. Разловци/10:30; Изјава за медиуми по увидот) ​Скопје - Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги Марко Бислимоски ќе одржи брифинг. (РКЕ /10:30) Скопје -  Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов и директорот на Зоолошката градина Ѓорѓи Галетановски ќе присуствуваат на отворање на новата туристичка и едукативна атракција „Дино парк Скопје“. (Влез од патеката во Градски парк / 20:00) Скопје - Прес-конференција на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија. (Пред канцелариите на КСС, ул.50-та Дивизија бр.25/11:00) Скопје - Конференција на тема „Како до (по)безбедни училишни средини?“ во организација на Здружението ЛЕАД. („Рагуза руфтоп 360“/11:00) Скопје - Прес-конференција на „Kоалиција Менуваме“. (ул. „Аминта“ III 34, /11:55)
Скопје - Балетски концерт „Романтична балетска вечер“. (Национална опера и балет/20:00)
Скопје - Промоција на книгата „Незадоволна” од Ксенија Николова. (Парк пред Културно-информативен центар /19:00)
Скопје - Онлајн-промоција на четири книги за деца oд психологот Христина Стефановска. (Фејсбук-страница на издавачката куќа „Арс Ламина“ / 19:00)
__________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини

Остани поврзан