• сабота, 23 ноември 2024

МИА Најави МКД (ДПЛ)

МИА Најави МКД (ДПЛ)

9 мај 2022 

Скопје - Делегација предводена од потпретседателот на ПС на ОБСЕ и специјален претставник за ЈИЕ, Азај Гулијев во посета на Собранието. (Сала на Уставна комисија/10:30) Скопје - Седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет. (Сала „Борис Трајковски“/10:30) Скопје - Седница на Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците. (Сала „Борис Трајковски“/11:00) Скопје – Седница на Законодавно-правната комисија на Собранието. (Сала 6/12:00) Скопје – Седница на собраниската Комисија за одбрана и безбедност. (Сала 4/12:00) Скопје - Премиерот Димитар Ковачевски ќе положи цвеќе пред споменикот „Ослободители на Скопје“ во дворот на Владата и ќе се обрати на пригодната свеченост по повод 9 Мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа. (9:45; заинтересираните медиуми за следење на настанот треба да пристапат на влезот од кај Медија центарот од 9:15 до 9:30) Париз - Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ во дводневна работна посета на Париз, Франција. Тирана - Министерот за економија, Крешник Бектеши во дводневна официјална посета на Република Албанија. Скопје -  Министерката за одбрана Славјанка Петровска ќе се сретне со поранешните началници на Генералштабот на Армијата и со членовите на Здружението – клуб на генерали. (Дом на Армијата/14:00; предвидени изјави - медиумите да стигнат најдоцна до 13:50) Скопје - Претседателката на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата Гордана Кожуваровска на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ќе му предаде нови возила за потребите на сообраќајна полиција (во кругот на МВР пред прва зграда/11:00 /изјави за медиумите по настанот) Скопје - Отпочнување со кампања за „Зголемување на безбедноста на железничките премини“ на која ќе се обратат министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, директорот на Секретаријатот на Транспортната заедница, Матеј Закоњшек и директорот на ЖРСМ Инфраструктура, Хари Локвенец. (СУГС „Владо Тасевски“/9:30) Скопје - Прес-конференција на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација на која ќе биде објавен Кварталниот извештај за работата на КСЗД за периодот јануари-март 2022 година. (Простории на КСЗД, ул.„Даме Груев“ бр.1 - поранешна ДКСК/10:30) Скопје - Седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. (Простории на Агенцијата, конференциска сала на 2 кат/14:00) Охрид - Втор состанок на Мрежата на управители на инфраструктура во рамките на Транспортната заедница. (х. „Лаки Хотел & СПА“/13:45) Скопје – Прес-конференција на членот на Президиумот на Левица, Реџеп Исмаил по повод поднесување на Резолуција за осуда на фашизмот и неговите модерни форми до Собранието. (пред споменикот на НОБ пред Владата/11:30) Скопје – Прес-конференција на Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри (пред главниот влез на Министерството за здравство/10:00) Охрид- Дводневна работилница за изработка на Предлог програма за заштита на потрошувачи, со вклучена одржлива потрошувачка и акциски план со вклучена родова перспектива во организација на ОПМ. (х. „Тино“/11:15) Скопје - Отворање на јубилејните 50. „Мајски оперски вечери“. (Националната опера и балет/19:30)  Скопје - Премиера на претставата „Народен непријател“. (Голема сцена на Македонски народен театар) Битола - Концерт на маестро Дино Имери. (Палата Офицерски/20:00) Скопје - Ден на пијаното - Скопје 2022. (Културно-информативeн центар - Скопје, Салон 19:19/18:00)  Скопје - Отворање на изложбата на накит на Санда Митева. (Галерија „КО-РА“ - Мал салон/13:00)  Скопје - Отворање на групната изложба „Наша визија за Европа“. (Галерија „КО-РА“ - Глем салон/12:00)
___________________________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан