МИА Најави - МКД (ДПЛ)
- 5 септември 2022
5 септември 2022
Скопје - Седница на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата. (Сала „Борис Трајковски“/11:00)
Скопје - Седница на собраниската Комисија за европски прашања. (Сала „Борис Трајковски“/14:00)
Скопје - Прес-конференција на премиерот Димитар Ковачевски и вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ. (12:00)
Софија - Премиерот Димитар Ковачевски и делегација од ресорите економија и енергетика во работна посета во Софија за справување со последиците на светската енергетска криза.
Скопје - Државната комисија за спречување на корупција ќе ја одржи 74-та седница. (https://us06web.zoom.us/j/88095605830?pwd=OVAwR1F2eE5UdVgxUWsvcmZrTzAydz09/11:00)
Скопје - Регионална работилница „Зелени иновации во стручното образование и обука – предуслов за регионален развој“. (АСУЦ Боро Петрушевски/10:00)
Скопје - Ветеринарната комора ќе одржи состанок со претставници на ветеринарни друштва вклучени во активности од јавен интерес. (Кристална сала на хотел „Континентал“/11:00)
Скопје - Прес-конференција на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија на тема „Ценовните шокови за сметките за електрична енергија“. (пред канцеларии на Конфедерација на слободни синдикати на Македонија, ул. 50-та Дивизија бр. 25/12.00)
Дојран - Тридневна меѓународна научна конференција за безбедност 2022 година во организација на Институтот за безбедност, одбрана и мир на Филозофскиот факултет-Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Скопје - Отворање на изложбата „Мисионерка на милосрдието - Спомените за Мајка Тереза во Државниот архив“. (Музеј на македонската борба/12:00)
Велес - Прес-конференција за овогодишното издание на Фестивалот на античка драма „СТОБИ“. (Театар „Јордан Х.К.Џинот“/11:00)
Скопје - Изложба насловена „Во срце го имам мојот албански народ“ во организација на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците - Скопје, под покровителство на вицепремиерот Артан Груби. (Свечена сала во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците/10:00)
Скопје - Промоција на книгата „21 г." - збирка стихови откорнати од душата“ од авторот Тони Манџуковски Манџук. (преддворјето на храмот „Св. вмч. Димитриј“/19:00)
______________________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***