МЗШВ: Ќе биде исплатена финансиска поддршка за произведена и продадена слива
- На 194 лица корисници на мерката 1.4 произведена и продадена слива од Програмата за Интервентен фонд за 2024 година денеска ќе им се изврши исплата во вкупен износ од 8.274.180 денари, информираат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ).
Скопје, 10 декември 2024 (МИА) - На 194 лица корисници на мерката 1.4 произведена и продадена слива од Програмата за Интервентен фонд за 2024 година денеска ќе им се изврши исплата во вкупен износ од 8.274.180 денари, информираат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ).
-Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства кои имаат поднесено барање по подмерка 1.8. „Директни плаќања по обработлива земјоделска површина за одржување на постоечки овошни насади“ од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година и оствареното производство на слива го имаат продадено кај регистрирани откупувачи во период од 20 август 2024 година до 30 септември 2024 година по цена не повисока од 9,90 денари по килограм, а се запишани во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи, појаснуваат од МЗШВ.
Максимална количина на слива која е прифатлива за финансиска поддршка, додаваат, е 17.000 килограми по пријавен хектар со слива по подмерка 1.8. „Директни плаќања по обработлива земјоделска површина за одржувањена постоечки овошни насади“ од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.
-Висината на финансиската поддршка изнесува 5 денари по килограм, потенцираат од МЗШВ.
Нагласуваат дека во текот на денот исто така ќе се исплатат средства од Програмата за земјоделство за 2023 година Подрачје со ограничени можности.
-Со финансиска поддршка од 86.736.366 денари се поддржани 8.735 земјоделци кои вршат земјоделска дејност во подрачја со ограничени можности за производство преку мерката 9 од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2023 година, посочуваат од МЗШВ. вј/аа/
Фото: МЗШВ