МЖСПП: Продолжуват засилените активности на општините согласно Акцискиот план за чист воздух
- Соопштение

Скопје, 18 февруари 2025 (МИА) - Соглaсно обврските од Акцискиот план со краткорочни мерки за чист воздух за период 10-14 февруари 2025 година девет општини имале испратено извештај за засилени активности до Министерството за животна средина и просторно планирање.
Општина Битола во првата половина на февруари извршила контролни надзори во три инсталации со Б дозволи кои биле задолжени да превземат мерки за сведување на емисиите во воздух во законски дозволените граници. Како што денска соопштија од Министерството за животна средина и просторно планирање, било констатирано дека во трите инсталации се превземени мерки со сервисирање на котларите, извршени биле контролни мерења и од истите се гледа дека емисиите во воздух се во законски дозволени граници. Од страна на МЛЕКАРА АД БИТОЛА биле превземени мерки за адаптација на котларата и поврзување на истата со нов горилник за природен гас, за што бил изграден и приклучок со што МЛЕКАРА АД Битола, се додава во соопштението, е спремна да премине на природен гас штом биде достапен.
- ЛАКТАЛИС МЛЕКАРНИЦА МК ДООЕЛ Битола исто така е спремна да изврши прилагодување на котларата за премин на природен гас. КВАСАРА АД Битола има поставено фотоволтаици, а во тек е проект за изградба на котел кој ќе користи електрична енергија со што ќе се намали користењето на дрвата како гориво. Извршени се надзори во 5 автосервиси за постапување со отпад и не е констатирано согорување на отпадно масло. Со истото се постапува согласно закон: привремено безбедно се складира и се предава на овластени субјекти, соопштија од МЖСПП.
Општина Струмица спровела вонредни инспекциски надзори на осум физички лица и осум правни субјекти), при што на четири физички лица им била изречена глоба, на четири физички лица им е дадена писмена опомена со едукација, на шест правни субјекти им е изадено решение (за мерења, да се предаде отпадно масло кое е складирано,) а кај две не биле констанирани неправилности.
Во соопштението се наведува дека Општина Кисела Вода извршила 20 инспекциски надзори со посебен акцент на правни субјекти, кои како отпад при вршење на дејноста добиваат отпадно моторно масло, отпадни гуми и друго. Комуналните инспектори и комуналните редари спровеле 10 инспекциски надзори на активни градилишта и стоваришта и наложено им било миење на гумите на камионите и други активности за спроведување на Закон за јавна чистота.
Општина Прилеп спровела се четири инспекциски надзор и тоа во погон за преработка на камен, два автосервиса и на субјект со фурна со печка на дрва. При надзорите не биле констатирани неправилности, но два се задолжени за мерење на емисии во воздух од работата на инсталацијата и за доставување на податоци за емисии од стационарен извор до МИЦ при МЖСПП, а еден автосервис е задолжен за изработка и доставување на елаборат за заштита на животна средина
Во Општина Тетово биле извршени пет инспекциски надозори и кај два правни субјекти што се занимаваат со производство на мебел, еден автосервис и два субјетка што вршат дејност во рамки на прехрамбената индустрија. При надзорите не се констатирани неправилности.
Општина Гази Баба изрекла една казна за спалување на отпад и една казна за несоодветно депонирање на отпад. По наредба на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје спроведени биле координирани вонредни инспекциски надзори во инсталациите што поседуваат одобрен елаборат за заштита на животната средина, а за чие одобрување е надлежен градоначалникот на општината и поврзано со квалитетот на воздухот се изготвени шест записника од извршените контроли и доставени до обвинителството.
Исто така направена е обиколка на три градилишта и извршена е проверка на спроведувањето на мерките за намалување на загадувањето (правилно депонирање на отпад, работа со посебни маневри кои нема да предизвикуваат прав и сл.) и спроведена е редовна проверка над тркалата на возилата кои излегуваат од градежните парцели. Во едно од трите градилишта е изречена опомена.
- Општина Крушево е фокусирана на зајакнати вонредни контроли на техничката исправност на возилата што учествуваат во сообраќајот на патиштата со акцент на издувни гасови, особено на оние со дизел горива, тешки товарни возила и нерегистрирано возила. Во Општина Охрид акцентот е на спроведување на Законот за јавна чистота. Направена е контрола во градилиште,с е вели вмеѓу другото во соопштението од МЖСПП.
Општина Куманово, се додава, има направено е конторолен инспекциски надзор во три автомеханичарски работилници во кои не е констатирано согорување на отпадно масло. Во наведениот период издаден е прекршочен платен налог за физичко лице затекнато како согорува кабли покрај пат. цр/ац/
Фото: МИА архива