• петок, 05 септември 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Црвениот крст Берово апелира за донации за екипите што се борат со пожарот

Црвениот крст Берово апелира за донации за екипите што се борат со пожарот

Берово, 29 јули 2025 (МИА) – Општинската организација на Црвен крст Берово упати апел до граѓаните за донации на храна и пијалоци, наменети за екипите кои го гаснат шумскиот пожар што го зафати подрачјето на општина Берово. Апелираа сите кои се во можност да се вклучат во поддршката на било каков начин, а во рамки на своите можности.

 -Во овие тешки моменти, екипите на терен несебично се борат со огнената стихија за да ја заштитат природата која не опкружува. Ве повикуваме сите кои сте во можност да донирате нерасиплива и конзервирана храна, флаширана вода, електролити и освежителни пијалоци, стои во објавата на Црвениот крст Берово.  

Пунктот за донации е отворен во салата на Општина Берово, секој ден од 08:00 до 15:00 часот.  

Од Црвениот крст изразија благодарност за покажаната хуманост и солидарност, и ја повикаа јавноста да продолжи со поддршката за „хероите на терен“. вс/дма/


Фото: Црвен Крст Берово

Остани поврзан