• вторник, 15 октомври 2024

Меџити оствари средба со шефот на СЗО во РСМ Аким Али

Меџити оствари средба со шефот на СЗО во РСМ Аким Али

Скопје, 14 октомври 2024 (МИА) - Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити остварил прва средба со претставникот на Светската здравствена организација (СЗО) и шеф на Канцеларија во Скопје, Аким Али.

На средбата, како што соопштија денеска од Министерството за животна средина и просторно планирање, Меџити и Али изразиле подготвеност за зајакнување на меѓусебната соработка, особено од причина што состојбите во животната средина директно се одразуваат на здравјето на граѓаните.

Меџити истакнал дека соработката со СЗО се одвивала во одредени области, како што се климатските промени во рамки на развивањето на Националната стратегија за адаптација на здравствениот сектор кон климатските промени.

Тој најавил дека до крајот на годината Министерството ќе го достави до Владата нацрт - законот за климатска акција, а со поддршка на Европската Унија и ИПА Програмата ќе се продолжи кон подобрување на состојбите во животна средина и особено квалитетот на воздухот. цр/ев/

Фото: Министерство за животна средина и просторно планирање

 

Остани поврзан