• среда, 27 ноември 2024

Меџити на средба со министерот за животна средина на Косово, Либурн Алиу

Меџити на средба со министерот за животна средина на Косово, Либурн Алиу

Скопје, 16 октомври 2024 (МИА) - Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити денеска остварил средба со министерот за животна средина, просторно планирање и инфраструктура на Република Косово, Либурн Алиу, на која меѓу другото, разговарале за прекуграничната соработка, при што бил споменат проектот за заштита на реката Лепенц преку интегрирано управување со водните ресурси.

На оваа средба, како што соопштија од Министерството за животна средина и просторно планирање, Меџити изразил благодарност до министерот Алиу и неговата делегација, вклучително и амбасадорот на Република Косово, Флоријан Ќехаја, истакнувајќи ја неговата и владината определба за соработка на секое поле што е од интерес за граѓаните на двете земји.

-На посебна средба одржана подоцна, министерот Меџити беше домаќин на делегација од Министерството за животна средина на Република Косово, на која се разговарало за унапредување на соработката меѓу двете министерства за решавање на важни еколошки прашања и подобрување на квалитетот на животот на граѓаните, соопштија од Министерството.

Косовската делегација го претстави проектот за хидросистем Ибер-Лепенц, финансиран од WBIF, и ја истакна потребата од продлабочување на соработката во областа на екологијата.

Двајцата министри се согласиле дека е од суштинско значење да се продолжи со подобрување на односите и да се искористи потенцијалот за продлабочување на соработката во еколошките прашања.

-Оваа посета и одржаните средби ја нагласуваат силната посветеност на двете земји да работат заедно за постабилна и побезбедна иднина за своите граѓани, потенцираат од Министерството.бт/аа/

Фото: Министерство за животна средина и просторно планирање

Остани поврзан