• понеделник, 23 декември 2024

Меџити: Над 3.000 жени годинава биле дел од скрининг мамографијата во рамки на програмата на Министерството

Меџити: Над 3.000 жени годинава биле дел од скрининг мамографијата во рамки на програмата на Министерството

Скопје, 5 ноември 2023 (МИА) - Од почетокот на годинава, досега се реализирани над три илјади прегледи во рамки на скрининг програмата за рано откривање на рак на дојка, изјави денеска министерот за здравство Фатмир Меџити, кој присуствуваше на настан во Градскиот парк во организација на Здружението Езра и во соработка со најголемата европска алијанса на здруженија на пациенти. 

-Бидејќи раното откривање е клучно кај ракот на дојка, Министерството за здравство, во насока на превенција, спроведува национална скрининг програма за рано откривање рак на дојка. Годинава, со неа се опфатени жените од 45 до 69 години, кои не направиле мамографија последните две години, како и жените на возраст од 40 до 44, кои имаат член во семејството со рак на дојка и или друг дополнителен ризик фактор, рече Меџити. 

Скрининг мамографијата, потсети тој, е бесплатна за жените во програмата, односно партиципацијата ја покрива Министерството за здравство.

-Од почетокот на годинава, досега се реализирани над три илјади прегледи во рамки на овој скрининг.  Имплементиравме и значајни новини во протоколот за преглед на
дојка. Жените со промени се упатуваат во посебен кабинет за дојка, каде радиологот ги издава потребните дополнителни упати за биопсија и други испитувања, рече министерот за здравство.

Со ова, според Меџити, значително се олеснува пристапот на жената до потребната здравствена услуга. 

Тој апелираше за важноста на превентивните прегледи и грижата за сопственото здравје, имајќи предвид дека раното откривање, може да спаси живот. бд/ев/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан