• петок, 05 декември 2025

Санкционирани осум лица во струмичко поради непочитување на забраната за движење во шуми

Санкционирани осум лица во струмичко поради непочитување на забраната за движење во шуми

Скопје, 13 јули 2025 (МИА) -  Полициски службеници од СВР Струмица, вчера во шумски предели на подрачје на Струмица презеле мерки и активности со цел да утврдат дали граѓаните ја почитуваат донесената одлука за целосна забрана за движење во шуми, која стапи на сила на 1 јули 2025 година, а ќе трае до 31 август 2025 година.

Како што соопшти денеска МВР, при контролата биле откриени осум лица кои се движеле во шумски предели, а притоа не поседувале одобрение за движење во шуми, издадено од ЈП „Национални шуми“.

За преземените мерки од страна на СВР Струмица е известена Шумската полиција Струмица, која е надлежна за понатамошно поведување на постапка против лицата, согласно член 57 став 3 од Законот за шуми. дма/сст/

Фото: МИА архива

Остани поврзан