• вторник, 26 ноември 2024

Мечка усмрти американски падобранец во Алјаска

Мечка усмрти американски падобранец во Алјаска
Енкориџ, 13 мај 2022 (МИА) - Мечка нападнала војници на Алјаска. Едниот им подлегнал на повредите, идентификуван од американската армија како падобранец и ветеран од војната во Авганистан. Другиот војник се здобил со повреди при нападот. Починатиот имал 30 години и е нападнат за време на тренинг во базата Елмендорф-Ричардсон во Енкориџ. Медиуми наведуваат дека надлежните ја бараат мечката, за која не се знае од каков вид е. Алјаска е дом на три вида мечки во Северна Америка - црна, кафеава и поларна, но третата е поретка во јужниот дел. Според „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на полицаец од Алјаска, војниците биле нападнати откако наишле на мечкино дувло, додека истражувале можно место за обука во дивината. бд/ми/

Остани поврзан