• понеделник, 23 декември 2024

Мета, Гугл и Твитер ветија поостра борба против лажните вести

Мета, Гугл и Твитер ветија поостра борба против лажните вести
Брисел, 16 јуни 2022 (МИА) -  Мета, Гугл, Твитер и Мајкрософт денеска се согласија да заземат построг став против дезинформациите согласно новиот надополнет кодекс на ЕУ, според кој тие може да добијат строги казни доколку не го сторат тоа. Повеќе од 30 потписници, вклучително и тела за рекламирање, се обврзаа на ажуриран Кодекс за борба против дезинформации, соопшти Европската комисија. Потписниците се согласија да направат повеќе во борбата против манипулираните видеа, лажните профили и политичкото рекламирање, додека непочитувањето може да резултира со казни до 6 отсто од глобалниот промет, изјави официјален претставник на ЕУ минатата недела. Компаниите, вклучително и ТикТок и спортската платформа за стриминг на Амазон, Твич, имаат шест месеци за да исполнат преземените обврски и ќе треба да презентираат извештај за напредокот на почетокот на 2023 година. - Новиот кодекс е доказ дека Европа ги научи лекциите и дека повеќе не сме наивни, рече на прес-конференција заменик-претседателката на Комисијата Вера Јоуркова. Таа истакна дека руската инвазија на Украина, пандемијата на Ковид и повлекувањето на Велика Британија од ЕУ ги забрзале напорите на Европската унија да ги сузбие лажните вести. Санкциите би можеле да вклучат забрана за компании, изјави Тиери Бретон, комесар за внатрешниот пазар на Европската комисија. „Доколку има постојано прекршување на правилата, можеме да го разгледаме и нивниот пристап кон нашиот информативен простор“, рече тој на прес-конференција. ссм/

Остани поврзан