Меси се повреди и не го доигра во финалето на Копа Америка
- Капитенот на Аргентина, Лионел Меси се повреди во финалето на Копа Америка против Колумбија.
Мајами, 15 јули 2024 (МИА) – Капитенот на Аргентина, Лионел Меси се повреди во финалето на Копа Америка против Колумбија.
Триесет и седумгодишниот фудбалер падна на земја во 64. минута и не можеше да ги задржи солзите од болка. Пред ова, на крајот од првото полувреме, фудбалерот се судри со колумбискиот дефанзивец Сантијаго Аријас, по што долго време лежеше на тревникот стегајќи го зглобот, но го продолжи натпреварот.
Во 66. минута Меси го напушти теренот во придружба на лекар.
По замената, Меси остана на клупата на репрезентацијата на Аргентина и продолжи да го следи натпреварот. На десниот глужд му беше залепена облога со мраз и тој сè уште плачеше од болка.
Аргентина победи и по 15. пат ја освои Копа Америка. зс/
Фото: ЕПА