Меси го постигна 36. хет-трик во шампионатот на Шпанија
- Напаѓачот на Барселона, Лионел Меси во мечот од 25. коло од шампионатот на Шпанија против Еибар постигна хет-трик. За 34-годишниот Аргентинец, ова е 36-ти хет трик во Ла Лига во неговата кари

Барселона, 22 февруари 2020 (МИА) - Напаѓачот на Барселона, Лионел Меси во мечот од 25. коло од шампионатот на Шпанија против Еибар постигна хет-трик. За 34-годишниот Аргентинец, ова е 36-ти хет трик во Ла Лига во неговата кариера, што е за два повеќе од оној на Кристијано Роналдо.
Меси со новите три гола стигна до 17 во Ла Лига. Тој ја прекина серијата од четири натпревари без голови и го предводи списокот на стрелци.
Најдобриот фудбалер на каталонскиот клуб сите три гола ги постигна во првото полувреме, а му останува второто полувреме за да ја зголеми разликата во однос на Карим Бензема од Реал Мадрид кој е вто на листата на стрелците со 13 гола. зс/