• петок, 26 јули 2024

Меси во ПСЖ ќе игра во дресот со број 30

Меси во ПСЖ ќе игра во дресот со број 30
Париз, 11 август 2021 (МИА) - По неговото заминување од Барселона, Меси официјално има нов клуб, а со тоа и нов број. Аргентинецот, на теренот за францускиот гигант одбра да го носи дресот со број 30. Нејмар веќе го зазема претпочитаниот број 10 на Меси, кој го носеше во поголемиот дел од својата кариера со Барселона. Меси го носеше бројот 30 и во Барселона, кога првпат настапуваше во сениорскиот тим во сезоната 2004-2005 година. Вчера Меси официјално стана нов фудбалер на ПСЖ потпишувајќи двегодишен договор со опција за продолжување на уште една сезона. ар/сп/

Тагови

Остани поврзан