Мерц: Германија работи на овозможување копнена испорака на помош за Газа
- Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска изјави дека германската влада продолжува да работи на овозможување испорака на помош за жителите на Појасот Газа по копнен пат, откако претходно германските вооружени сили учествуваа во доставување пакети со храна со падобрани над палестинската енклава.
Берлин, 2 август 2025 (МИА) - Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска изјави дека германската влада продолжува да работи на овозможување испорака на помош за жителите на Појасот Газа по копнен пат, откако претходно германските вооружени сили учествуваа во доставување пакети со храна со падобрани над палестинската енклава.
- Знаеме дека воздушниот транспорт е само мал придонес за ублажување на страдањата на луѓето во Газа. Затоа, интензивно продолжуваме да работиме на тоа да овозможиме испорака на помош по копнен пат, напиша Мерц на X, пренесува „Шпигел“.
Воздушниот транспорт на германската хуманитарна помош беше организиран во соработка со Јордан. јт/