• недела, 05 јануари 2025

Мелони го пофали Илон Маск како „брилијантен човек“

Мелони го пофали Илон Маск како „брилијантен човек“

Рим, 3 јануари 2025 (МИА) – Италијанската премиерка Џорџа Мелони го бранеше американскиот милијардер Илон Маск од критиките од другите европски метрополи, опишувајќи го како „брилијантен човек“, пренесе ДПА.

- Тој е главна фигура на нашето време, извонреден иноватор кој секогаш ја има на ум иднината, рече таа во интервју за италијанскиот дневен весник „Кориере дела сера“ објавено денеска.

Лидерката на десничарската партија Браќа на Италија зборуваше и за нејзиниот личен однос со основачот на Тесла, велејќи: „Дефинитивно сме двајца луѓе кои имаат многу добри односи“.

- Тој е брилијантен човек и секогаш е многу интересно да се занимаваш со него, рече Мелони.

Од победата на Трамп на претседателските избори во САД, Маск се повеќе се обидува да влијае на политиката во Европа со изјави на различни канали. јт/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан