• понеделник, 23 декември 2024

МД „Илинден" и МАЕИ го честитаа празникот Рамазан Бајрам

МД „Илинден
Дебар, 21 април 2023 (МИА) - По повод големиот муслимански празник Рамазан Бајрам, честитки до верниците упатија македонското друштво „Илинден"-Тирана и македонската партија, Македонска алијанса за европска и терапија, МАЕИ.
 
- Почитувани верници со исламска вероисповед во Албанија, во нашата матична земја Македонија и во целиот свет, честитки по повод големиот празник Рамазан Бајрам. Празникот е ден на радост, на семејни и пријателски собирања и дружби, асоцира на веселба, на среќни луѓе. Нека биде така и овој и сите други празници, да го славиме во слога, мир и соживот. Честитки и за многу години,  стои во честитката потпишана од претседателот на друштвото Никола Ѓурѓај.
 
Во честитката посакува помеѓу луѓето постојано да владее слога и почитување без разлика на религиската, верската, или каква било друга определба.
 
Единствената македонска партија во Албанија, МАЕИ, им посакува на верниците празничните денови да ги минат во среќа, радост и добро здравје.
 
– Нека овие денови кај секој човек ги потврдат вредностите на слогата, толеранцијата и духовниот напредок и сите заедно да имаме спокоен и среќен живот. Убедени сме дека пораката на големиот празник уште еднаш ќе потврди дека со заеднички напори можеме да одговориме на предизвиците со кои се соочува современиот свет и сите заедно ќе бидеме добар пример за идните генерации, наведува МАЕИ во честитката.
 
Посакуваме, се посочува,  да "продолжи традицијата на заедничко  одбележување на празниците на различните верски заедници, како столб на градење на соживотот". вт/дма/
 
Фото: МИА архива

Остани поврзан