• петок, 08 ноември 2024

МВР: 129 санкционирани возачи во Скопје, 27 без возачка дозвола

МВР: 129 санкционирани возачи во Скопје, 27 без возачка дозвола

Скопје, 4 март 2023 (МИА) - Санкционирани се 129 возачи, од кои 27 за возење без возачка дозвола при денешната акциска контрола спроведена од 10 часот до 16 часот во територијата на СВР Скопје за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи од страна на Секторот за сообраќајни работи и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата од Оддел за униформирана полиција при БЈБ, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Освен тоа, како што информираат од МВР, 16 моторни возила биле санкционирани за изминат рок на важност на сообраќајната дозвола, 11 за непрописно вградени фолии (затемнети стакла) , четири за неисправност кај товарни возила кои вршат превоз на определени стоки, четири за возење под мерка забрана за управување на моторни возила, а на сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

Од МВР исто така велат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. сх/нд

Фото: МИА

Остани поврзан