• понеделник, 23 декември 2024

МВР: Хероин пронајден во домот на велешанец, поведена истрага

МВР: Хероин пронајден во домот на велешанец, поведена истрага

Скопје, 11 февруари 2023 (МИА) - Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против велешанец осомничен за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

-При претрес во домот на осомничениот завчера полицијата пронашла 168 пакувања со вкупно 30,24 грама хероин, како и парични средства за кои постои сомнение дека биле стекнати со илегална продажба на наркотична дрога, информира Јавното обвинителство.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка во Основниот суд Велес достави предлог за определување мерка притвор спрема осомниченото лице, бидејќи постои опасност од бегство и можност да го повтори делото.​лв/

Остани поврзан