• сабота, 23 ноември 2024

МВР: Расчистен случајот со обидот за убиство на градоначалникот на Арачиново, поднесена кривична пријава

МВР: Расчистен случајот со обидот за убиство на градоначалникот на Арачиново, поднесена кривична пријава

Скопје, 17 јули 2024 (МИА) - СВР Скопје го расчистил случајот со обидот за убиство на градоначалникот на Арачиново од 1 април годинава. Откриен е идентитетот на сторителот на кривичното дело и против него до Основното јавно обвинителство Скопје е поднесена кривична пријава за „убиство во обид". 

Како што информира утрово Министерството за внатрешни работи, се работи за 36-годишен М.А. против кого вчера била поднесена пријавата до ОЈО Скопје „по целосното комплетирање на службените материјали и извршените вештачења“.

МВР потсетува дека кривично-правниот настан се случи на 1 април 2024 во скопското село Арачиново,  кога беше пријавено дека кон градоначалникот на општина Арачиново Р.И. и други лица вработени во општината, непознато лице од автоматско оружје испукало повеќе проектили додека тие вршеле увид во градежни работи. Во пукањето биле повредени Е.С. (39) и А. А.(22).

-Веднаш по добиената пријава, од  страна на полициски службеници од Единицата за насилен криминал - Одделението за крвни  и сексуални деликти при СВР Скопје, во координација со ОЈО Скопје, преземени се бројни оперативно-тактички и истражни дејствија, при што е утврден идентитетот на сторителот, информира Министерството за внатрешни работи. хс/дма/ 

Фото: МИА архива 

 

Остани поврзан