• среда, 23 октомври 2024

МВР: Приведени осомничени крадци во Куманово

МВР: Приведени осомничени крадци во Куманово

Куманово, 22 октомври 2024 (МИА) - Полицијата приведе две лица од Куманово, кои се сомничат дека изминатиов период од паркирани автомобили одзеле различни предмети.

-Вчера, во 11: 30 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода С.Д.(30) и Г.Н.(36), двајцата од Куманово, поради сомнение дека изминатиот период со употреба на сила влегле во пет патнички моторни возила и одзеле различни предмети, соопшти денеска МВР.

Метална шипка паднала врз дете од Куманово додека се возелo на рингишпил во луна парк на булеварот „Октомвриска револуција

 

Двајцата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави.

Кумановци изминативе денови реагираа дека паркирани возила се мета на кражби на повеќе локации во населбата „Карпош“, „Перо Чичо“, на локации во близина на ресторани низ градот и околината. Од автомобилите како што сведочеа граѓаните одземени биле различни предмети. ам/сст/


Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан