МВР: Претрес во Куманово, приведен дилер, пронајдена дрога
- Кумановската полиција синоќа во Куманово го лишила од слобода Б.И.(41) од Куманово.

Скопје, 17 септември 2024 (МИА) - Кумановската полиција синоќа во Куманово го лишила од слобода Б.И.(41) од Куманово.
Какошто информираат денеска од МВР, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени бела и кафеава прашкаста материја и дигитална вага.
Б.И. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава. сст/дма/
фото МИА архива