МВР: Претрес во Кочани, пронајдена дрога
- Полициски службеници од ОВР Кочани вчера го лишиле од слобода Н.Д.(22) од Кочани, бидејќи при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага.

Скопје, 4 декември 2024 (МИА) - Полициски службеници од ОВР Кочани вчера го лишиле од слобода Н.Д.(22) од Кочани, бидејќи при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага.
Како што информираат од МВР, лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. сст/дма/
фото МВР