• недела, 28 јули 2024

МВР поднесе кривична пријава за даночно затајување против скопјанец

МВР поднесе кривична пријава за даночно затајување против скопјанец
Скопје, 26 август 2022 (МИА) - Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Д.С.(55) од Скопје кој се сомничи за „даночно затајување“ со кое се стекнал со противправна имотна корист во вкупен паричен износ од 236.229 денари. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, пријавениот, во текот на 2019 година, за реализираните приливи на денарски и девизни парични средства во вкупен износ од 2.363.229 денари не ги пријавил како друг доход, не поднел задолжителна годишна даночна пријава до Управата за јавни приходи и не платил данок на личен доход од 236.229 денари согласно Законот за персонален данок на доход и одредбите од Законот за даночна постапка. ар/са/

Остани поврзан